Здраво на сите,
Со задоволство ви го најавуваме #47 WordPress Meetup.
Овој WordPress Meetup предавачи се Солза и Бојана.
Солза Тановска е деливери менаџер со богато и разновидно искуство со различни проекти, домени и клиенти, често во динамични услови и во разновидни улоги. Верува дека добриот хумор е најдобар начин да се преживее хаосот – и дека не мора секогаш да се сфаќаме премногу сериозно. Таа ќе зборува за реални предизвици со кои се соочуваат проект менаџерите во софтверската индустрија – од нејасни барања и постојани промени, до комуникација со различни учесници во процесите и справување со ризици. Преку конкретни примери и искуства од праксата, ќе претстави пристапи кои помагаат да се задржи јасноста, стабилноста и довербата дури и во динамични и непредвидливи услови.
Бојана Ѓорѓиева е маркетинг и проектен специјалист во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со повеќе од 5 години активно искуство во обликување на локалната сцена за е-трговија. Машински инженер со над седум години искуство во маркетинг, како и водење на сопствена онлајн продавница, таа е all-around player која ужива таму каде што се сретнуваат креативноста и стратегијата. Од организирање регионални конференции, креирање креативни кампањи, негување на вештините за графички дизајн, комуникации и креирање содржини —таа се стреми да креира дигитални искуства што поврзуваат, ангажираат и оставаат траен впечаток. На оваа презентација, Бојана ќе зборува за тоа како AI го менува начинот на кој е-продавниците ги разбираат и им се обраќаат на своите купувачи. Таа ќе сподели практични примери за тоа како персонализираните препораки, динамичната содржина и паметните алатки за анализа можат да ги претворат посетителите во лојални купувачи.
Агенда
18:00 - 18:45 Солза Тановска - The One Where PM Gets Real - An honest look at the messy, magical world of managing software projects
18:45 - 19:00 Пауза и дружење
19:00 - 19:45 Бојана Ѓорѓиева - AI-Powered Personalization in E-commerce: Turning Clicks Into Customers
19:45 - 20:00 Дружење
Предавањата ќе се на Македонски јазик
Локација
Настанот ќе се одржи во просториите на Netaville во amphitheatre, воедно и голема благодарност за нивната подршка кон WordPress заедницата.
## Влезот е бесплатен, но пријавата овде е задолжителна. Ве молиме за RSVP. Да ја прошириме WPMKD заедно ##